+389 75 845 711 +389 79 407 123 | orbita_info@yahoo.com | reservations.orbita@gmail.com | пон-пет: 09:00-17:00 саб: 09:00-14:00

Вработуваме   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Луковска Бања - 8ми Декември

1 Лице 2 ноќи 3 Дена
цена од 179€

Луковска Бања – бисерот на јужна Србија, сместен на источните падини на величествениот Копаоник. На надморска висина од 681м ова е највисоката бања во Србија, благословена со сончеви денови, чист планински воздух и недопрена природа. Лековитите термо-минерални извори, меѓу најбогатите во земјата, во спој со современите велнес и СПА содржини, нудат вистинско место за обновување на телото и духот. Прошетките низ мирните шумски предели само ја заокружуваат сликата на совршен празничен одмор.

ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА И ПРИЛЕП СО ДОПЛАТА 20 ЕВРА ПО ПАТНИК ЗА 2 ПРАВЦИ
 
ПРОМО цена за комплетна уплата до 15.10.2025 -  179€/11.098ден
ПРОМО цена за пријава до 15.11.2025 - 189€/11.718ден
Редовна цена на аранжманот 199€/12.338ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
 
Во цената на аранжманот е вклучено: 
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во 1/2 соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса) 
  • Користење на внатрешно - надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C 
  • Користење на новиот Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи - тепидариум)
  • Користење на сала за забава и рекреација
  • Туристичка такса
  • Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
  • Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање) 
  • Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање) 
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден 
Важни напомени:
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта. 
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

1.Ден 06.12.2025 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.