+389 75 845 711 +389 79 407 123 | orbita_info@yahoo.com | reservations.orbita@gmail.com | пон-пет: 09:00-17:00 саб: 09:00-14:00

Вработуваме   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Букурешт и Трансилванија - 8ми Декември

1 Лице 2 ноќи 3 Дена
цена од 149€
Божиќниот базар во Букурешт е само дополнителна причина зошто вреди да се посети главниот град на Романија! Букурешт за време на Божиќ е неверојатен, вистинска бајка! Мали дрвени куќички во кои се продава храна, сувенири и греано вино поставени низ целиот град, празничните песни одекнуваат насекаде и милиони стелта кои красат асуваат градот го прават Букурешт навистина спектакуларен! Овој Декември Орбита Ве води низ улиците на градот познат уште и како “Мал Париз на Истокот” и тоа во најубавиот период од годината за време на божиќниот пазар во прекрасна предновогодишна празнична атмосфера!
 
 
ПРОМО цена - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
 

Што е вклучено во цената

  • Посета на Божиќен базар
  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  •  Разглед на градот Букурешт со локален водич
  •  Организација и реализација со туристички придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Факултативен излет  Трансилванија –  Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула со вклучена влезница. Цена 70е за возрасни, 40е за деца до 11.99 години. (зафолжителна факултатива)
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Туристичка такса 5 евра по лице се плаќа во автобус
    Трансфер по градови-Струмица,Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра по лице во правец
  • Задолжителна уплата во канцеларија за депозит за факултативен излет Трансилванија во износ од 15е поради навремено пријавување на број на влезници.

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Доплата за еднокреветна соба 60 евра
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот.

Факултативни излети

Трансилванија

Цена за пакет: 70е

Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.

БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава.  Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Термални бањи

Цена за пакет: 45е

Термалните бањи во Букурешт располагаат со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

Прв ден 05.12.2025 - Петок
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Следи разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј… По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Вечерта организирана посета на Боќиќниот пазар во Букурешт со организиран превоз и придружник. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот се уплатуваме на факултативен излет на Трансливанија.Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот. БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Брашов Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во хотел во Букурешт во доцните часови. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон термалните бањи. . Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање/ За патниците што нема да користат факултативен излет за Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар. Поаѓање за Македонија околу 15:00ч. Очекувано пристигнување во Скопје после полноќ.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.