Пролом Бања – дар од природата, удобно сместена под падините на величествената Радан планина. Овде времето тече побавно, воздухот е кристално чист, а тишината ја прекинува само шумот на природата. Лековитите извори ја кријат тајната на прочуената Пролом вода – благороден еликсир што носи здравје, свежина и нова енергија. Во овој мирен рај, телото и душата ја наоѓаат својата рамнотежа.
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено - затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
- Користење теретана и фитнес сала
- Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
- Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
- Задолжително патничко осигурување
- Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 5€ (доплата на лице место)
- Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!