Патувајте во Истанбул по повод 8-ми Декември заедно со Орбита. Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Хотелско сместување со 3* во населба Аксарај
Сместување во хотел со 3* со вклучен појадок на база на шведска маса .
Хотелите се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели на само 15 – 20 минути пешачење од Капали Чаршија.
Патниците се известуваат за хотелот 2 дена пред поаѓање.
Цена на аранжманот
ПРОМО ЦЕНА: 119 евра (7.378,00 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра (8.618,00 денари)