Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 279 € / 17.300 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 309 € / 19.160 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во хотел Kyriad Frejus 3*, во Фрежу, на база 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Фрежу
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
- Новогодишна посета на Монте Карло (50€)
- Посета на Ст. Тропе (50€)
- Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€) ( се плаќа во агенција)
- Посета на Кан,Ница и Антиб(60€)
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 180€
- Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.