НОВА 2027 ГОДИНА - ИСТАНБУЛ 3 ноќевања
Новата година е уште поубава кога се доживува со нас!
Нашата туристичка агенција ви подготвува незаборавни новогодишни патувања во магичниот Истанбул – градот на Босфорот, богатата историја, ориенталниот шарм и неповторливата атмосфера.
За да ви овозможиме пријатно и безгрижно патување, организираме дочек на Новата година со внимателно подготвени програми, удобен превоз и можност да го доживеете Истанбул на најубав начин.
Патувајте со нас секое патување е нова приказна !
Задолжителна уплата од 15 евра депозит за Новогодишната прослава.
Не размислувајте дали да се препуштите во магијата! Јавете се и резервирајте 075 845 711
Сместување

Хотел 3*
Хотелите се со 3* и се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, во стариот дел на Истанбул односно на 20тина минути пеш од Капали Чаршија. Сместувањето е со вклучен појадок. Хотелските соби се сингл,двокреветни и трокреветни.
Хотелите ги објавуваме најдоцна на два дена пред поаѓање.
Што е вклучено во цената
- 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Автобуски превоз
- Лиценциран туристички водич
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница „Коска“
- Шопинг во 212 центарот
- Туристичка такса
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување
- Факултативи излети
- Индивидуални трошоци
Важно
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
- При самата резервација, задолжително изјаснување на патникот за присуство на новогодишна забава.
- Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи преку Бугарија.
Факултативни излети

Палатата Јилдиз и Ортаќој
- Yıldız Sarayı -Палатата Јилдиз Едно од најубавите историски места во Истанбул, опкружено со прекрасни градини и зеленило.
Во комплексот може да се видат раскошни палати, павилјони и простории украсени со впечатлива архитектура и детали од времето на Османлиската империја. Место каде што на секој чекор се чувствуваат историјата, традицијата и раскошот на едно минато време.
Прекрасно место за прошетка, фотографии и уживање во магичната атмосфера на Истанбул. - Ортаќој
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад

Дочек на Нова Година на брод на Босфор
- Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
- Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ОРБИТА, 4 часовно крстарење
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Изведувачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
- Професионално фотогафирање
- + Можност за купување на пијалоци по најниска цена
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување
