Рим, вечниот град и престолнина на Италија, е дестинација што со својата безвременска убавина, богата историја и неповторлива атмосфера ги освојува срцата на посетителите од целиот свет. Сместен на седум ридови, овој град-музеј плени со своите импозантни споменици, раскошни плоштади, живописни улички и прочуени фонтани, а во неговото срце се наоѓа и Ватикан – најмалата суверена држава во светот. А кога магијата на Рим ќе се спои со празничниот дух на Новата година, секој момент се претвора во незаборавно доживување! Во светлината на празничните декорации, со раздвижените улици, свечената атмосфера и
неповторливиот италијански шарм, Рим нè поканува да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата година опкружени со убавина, историја и незаборавни моменти. Дозволете ни да ве поведеме низ вечниот град и да ви овозможиме новогодишно патување исполнето со магија, откривања и спомени што долго ќе се паметат!
Основни информации
Цена на аранжманот
| РИМ НОВА ГОДИНА ХОТЕЛ 3* Ноќевање со појадок | ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 29.12.2026 – 02.01.2027 |
| ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ | 29.12.2026 – 02.01.2027 | |
| УСЛУГИ | 4ББ | |
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 4Н / 5Д | |
| Цена по лице во двокреветна соба | 655 € / 40.610 мкд | |
| EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.10.2026 | 595 € / 36.890 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 185 € / 11.470 мкд | |
| Трето лице (на барање) | ||
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Во цената на аранжманот е вклучено
- Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје (Wizz Air)
- Рачна кабинска торба (40x30x20), максимум 10кг
- Аеродромски такси
- Oрганизирани трансфери аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел 3*, на база 4 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Рим
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено
- Посета на Ватикан со вклучен водич и влезница – 70 евра (задолжително пријавување во агенција)
- Посета на Тиволи со вклучен трансфер, водич и влезница – 120 евра (задолжително пријавување во агенција)
- Чекиран багаж (информација во агенција при правење на резервација)
- Задолжително патничко осигурување
- Задолжителна туристичка такса 6 евра по лице по ноќ (се плаќа на рецепција во хотел)
Важни забелешки
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
- За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот и копија од пасош. Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
- Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
- Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, цената може соодветно да се коригира, односно, согласно условите и можностите за реализација, да се понуди соодветна алтернативна опција за превоз.
- Како би се направиле навремени резервации за реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патната исправa е обврска на патниците.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред патувањето.
