+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Прага - 8ми Март

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
цена од 199€
  • Сигурна реализација!

Прага 3НП (Карлови Вари - Дрезден - Виена - Outlet Parndorf)

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
 

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 23.01.2026: 199 евра / 12.34денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  239 евра / 14.820 денари

Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во  Hotel Emmy 4* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  300 ден
  • Разглед на Прага со локален водич и слушалки  (25€)
  • Факултативен излет Карлови Вари со локален водич и слушалки (50€)
  • Крстарење со брод по Влтава  (25€)
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич и слушалки  (60€)
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ 150€
  • Туристичка такса 3 евро по лице на ден, се плаќа во агенција
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за седиште по избор (20€)
  • Доплата за дополнително седиште (150€)
  • Доплата за еднокреветна соба  5.500 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви го честита Денот на жената - 8ми Март

Резервирај сега

1 ден 05.03.2026 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30ч. Поаѓање на автобусот во 10:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.