+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Венеција - 8-ми Март

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
цена од 149€
Венеција - Господарка на Јадранот... чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал...Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади... Најуникатен град на планетата Земја... во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила... денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже... едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

ПРОМО ЦЕНА:  149 евра / 9.240 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 евра / 10.480 ден

БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Попатна посета на Трст
  • Попатна посета на Шопинг центар Палманова
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

 Цената не вклучува:

  • Превоз + бродски билет до/од Венеција/локален водич/слушалки-  50 €
  • Посета на Милано и Верона 60 €
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 3  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 250 мкд
  • Доплатаза еднокреветна соба 2.100 денари
  • Доплата за избор на седиште 20 €
  • Доплата за дополнително седиште 150 €

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).ПРОМО цената е важеча со резервација на сите излети 
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви го честита Денот на жената - 8ми Март

Резервирај сега

1 ден 06.03.2026 СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот на спортски центар Борис Трајковски ( кај пералната). Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Денско и Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо... Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на Outlet шопинг центар Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо. Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови .
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.