Вила "Metropol" - Едипсос, Евиа

1 Лице 7 Ноќи 8 Дена
цени од 119€

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

Опис:
Хотелот Метропол се наоѓа во познатото бањско место Едипсос на островот Евија, на само 300 метри од плажа, 100 метри од центарот и 700 метри од термалните извори. Сместен е во мирен дел, а во близина се наоѓаат сите туристички содржини – таверни, продавници и кафулиња.
 
Сместување:
Хотелот располага со двокреветни студија како и четирикреветни апартмани, лоцирани на првиот кат. Сите соби се модерно опремени, климатизирани и поседуваат:
Бања / тоалет, Целосно опремена мини-кујна (фрижидер, решо и прибор за јадење), Тераса со гарнитура за седење, ТВ, Wi-Fi интернет.
 
Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Собите имаат поглед кон улица или планина, со стандардни легла 90x190cm.
 
Содржини и услуги:
Хотелот располага со рецепција, бар, лифт, паркинг и Wi-Fi интернет. Во близина има ресторани и продавници.
Агенцијата не може да гарантира за квалитетот и брзината на интернет сигналот, ниту е одговорна во случај на прекин поради технички проблеми од страна на грчките оператори.
 
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ 
 
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
- 30% за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
 
Период 1/2 STD
Bus+Traekt+Smestuvanje
20.05.2027
7 ноќи
119
27.05.2027
7 ноќи
 /
03.06.2027
7 ноќи
139
10.06.2027
7 ноќи
 /
17.06.2027
7 ноќи
165
24.06.2027
7 ноќи
/
01.07.2027
7 ноќи
175
08.07.2027
7 ноќи
179
15.07.2027
7 ноќи
179
22.07.2027
7 ноќи
189
29.07.2027
7 ноќи
189
05.08.2027
7 ноќи
199
12.08.2027
7 ноќи
199
19.08.2027
7 ноќи
189
26.08.2027
7 ноќи
169
02.09.2027
7 ноќи
159
09.09.2027
7 ноќи
/
16.09.2027
7 ноќи
139
 
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд. 
  • Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба. 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
  • Сместување во Студио 7 ноќи
  • Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
  • Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • Туристичка Такса 15 евра за цел престој по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Jачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

 

Погаѓање
Поаѓање – вечерта пред почетниот датум во ценовникот. Состанок на групата во 22:30 часот, со поаѓање од Скопје во 23:00 часот. Ноќно патување кон Грција, со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Местото на поаѓање од Скопје и часовите за приклучување од останатите градови ги соопштува агенцијата пред патувањето.
Пристигнување на пристаништето Глифа и качување на траект за Агиос Кампос на островот Евија. Пловидбата трае приближно 30 минути. Продолжување со автобус кон Лутра Едипсос. Сместување во хотел Oreoi по 14:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Вечера. Ноќевање.
Денови за одмор, капење, прошетки и индивидуални посети на термалните извори. Појадок и вечера во хотелот. Можност за факултативни излети, со дополнителна доплата: - Посета на Атина; - Посета на островот Скиатос; - Посета на Лихадонисија. Излетите се организираат според понудата и програмите за конкретниот термин. Ноќевања во хотел Oreoi.
Напуштање на собите до 08:00 часот по локално време. Организирано враќање кон Агиос Кампос и преминување со траект до Глифа. Продолжување кон Македонија со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Пристигнување во Скопје.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.