Вила "Faros" - Едипсос, Евиа

1 Лице 7 Ноќи 8 Дена
цени од 125€

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

Опис

Вила Фарос се наоѓа на одлична локација во Лутра Едипсос, на само 50 метри од плажата, на островот Евија, познат по своите термални извори.

Објектот нуди еднокреветно и двокреветно сместување, вклучувајќи соби со поглед кон морето. Близината до плажата и можноста за користење кујна овозможуваат практичен и удобен престој. Клима-уредот и Wi-Fi интернетот се вклучени во цената.

Локација

Лутра Едипсос, остров Евија, Грција
Плажа: 50 метри
Адреса: Iroon Polytechniou 3.

Сместување и содржини

Собите располагаат со:

  • Кревети согласно предвидениот капацитет;

  • Сопствена бања со туш;

  • Телевизор;

  • Клима-уред — бесплатно;

  • Wi-Fi интернет — бесплатно;

  • Постелнина и пешкири.

Сопствена кујна имаат сите соби освен 10 и 11, кои користат посебна заедничка кујна. Сопствена тераса имаат сите соби освен 1 и 2, кои ја користат големата заедничка тераса.

Распоред и особености на собите

Соба Опис
1 и 2 Двокреветни соби на приземје, со сопствена кујна. Немаат сопствена тераса — се користи големата заедничка тераса.
5 Еднокреветна соба на приземје, со сопствена кујна и тераса.
7 и 8 Двокреветни соби ориентирани кон улицата, со сопствена кујна и тераса.
9 Аголна двокреветна соба, со сопствена кујна и тераса.
10 и 11 Двокреветни соби со поглед море и сопствена тераса. Користат посебна заедничка кујна со трпезариска маса и клуч, наменета исклучиво за гостите од овие две соби.
12 Двокреветна соба со поглед море, сопствена кујна и тераса.

Услуга и хигиена

  • Чистење на сместувачките единици на секои 7 дена;

  • Промена на постелнината на секои 3–4 дена;

  • Промена на пешкирите на секои 3–4 дена;

  • Секојдневната хигиена за време на престојот ја одржуваат гостите.

Предности на вилата

  • Одлична локација, на само 50 метри од плажата;

  • Избор на соби со поглед кон морето;

  • Можност за еднокреветно сместување;

  • Бесплатна клима и Wi-Fi интернет;

  • Сопствена кујна во повеќето соби;

  • Вклучен автобуски превоз и траект во пакетот.

ВИЛА ФАРОС – ЛУТРА ЕДИПСОС, ЕВИЈА
ЛЕТО 2027 | 7 НОЌЕВАЊА СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ТРАЕКТ
 
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
- 30% за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026

Период STD 1/2 (No Balcony) STD 1/2 ZaednicKujna STD 1/2 STD 1/2 ПОГЛЕД МОРЕ Single Room
Bus+Traekt+Smestuvanje Bus+Traekt+Smestuvanje Bus+Traekt+Smestuvanje Bus+Traekt+Smestuvanje Bus+Traekt+Smestuvanje
22.5.2027 125 125 147 177 187
7 ноќи
29.5.2027 131 138 / / 199
7 ноќи
05.6.2027 / 146 / / 212
7 ноќи
12.6.2027 159 154 / / /
7 ноќи
19.6.2027 / / / / 249
7 ноќи
26.6.2027 165 / 222 252 262
7 ноќи
03.7.2027 175 186 234 264 274
7 ноќи
10.7.2027 179 194 247 / 287
7 ноќи
17.7.2027 185 202 259 / 299
7 ноќи
24.7.2027 185 210 259 / 299
7 ноќи
31.7.2027 185 210 259 289 299
7 ноќи
07.8.2027 185 210 259 289 299
7 ноќи
14.8.2027 179 210 247 277 287
7 ноќи
21.8.2027 169 194 234 264 274
7 ноќи
28.8.2027 165 / 222 / 262
7 ноќи
04.9.2027 159 / / 252 262
7 ноќи
11.9.2027 149 170 / 227 /
7 ноќи
18.9.2027 129 146 159 189 199
7 ноќи
 
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • Повратен автобуски превоз;

  • Повратен превоз со траект на релација Глифа – Агиос Кампос;

  • 7 ноќевања во Вила Фарос, во избраната категорија сместување;

  • Користење клима-уред и Wi-Fi интернет;

  • Организација на патувањето и придружник за време на превозот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Патничко осигурување;

  • Локална такса од 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања, која се плаќа во објектот;

  • Оброци;

  • Факултативни екскурзии и влезници;

  • Останати индивидуални трошоци.

ЦЕНИ И НАПОМЕНИ

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќевања, со вклучени автобуски превоз и траект.

  • Во двокреветните соби цената е по лице при сместување на две лица. За еднокреветната соба важи посебната цена од ценовникот.

  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.

  • Датумот во ценовникот е датум на пристигнување и почеток на сместувањето. Автобуското поаѓање е претходната вечер.

  • Сместувањето е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 09:00 часот, по локално време.

  • При резервација се избира категоријата сместување. Посебните карактеристики на собите, кујните и терасите се наведени во описот.

  • Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата.

  • Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.

  • Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.

  • Квалитетот и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови. 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

 

Погаѓање
Поаѓање – вечерта пред почетниот датум во ценовникот. Состанок на групата во 22:30 часот, со поаѓање од Скопје во 23:00 часот. Ноќно патување кон Грција, со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Местото на поаѓање од Скопје и часовите за приклучување од останатите градови ги соопштува агенцијата пред патувањето.
Пристигнување на пристаништето Глифа и качување на траект за Агиос Кампос на островот Евија. Пловидбата трае приближно 30 минути. Продолжување со автобус кон Лутра Едипсос. Сместување во хотел Oreoi по 14:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Вечера. Ноќевање.
Денови за одмор, капење, прошетки и индивидуални посети на термалните извори. Појадок и вечера во хотелот. Можност за факултативни излети, со дополнителна доплата: - Посета на Атина; - Посета на островот Скиатос; - Посета на Лихадонисија. Излетите се организираат според понудата и програмите за конкретниот термин. Ноќевања во хотел Oreoi.
Напуштање на собите до 08:00 часот по локално време. Организирано враќање кон Агиос Кампос и преминување со траект до Глифа. Продолжување кон Македонија со попатни паузи за одмор и извршување на граничните формалности. Пристигнување во Скопје.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.