Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…
Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.
За сето ова го доловите и доживеете на магичен начин ве носиме во Прага на Божиќен базар.
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
ПРОМО ЦЕНА: 329 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 419 ЕВРА
Што е вклучено во цената
- 3 ноќевања со појадок
- Авионски билет Скопје-Прага-Скопје
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување
- Туристичка такса 5е од ноќ од соба ( се плаќа на рецепција)
- Разглед на Прага , и посета на Карлови Вари – 50 евра пакет екскурзија ( плаќање на лице место ) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
Важно
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
- Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
- Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 40евра помалку од промо цена.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување
