Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
ПРОМО ЦЕНА: 299 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 ЕВРА
Што е вклучено во цената
- 3 ноќевања во хотел со појадок
- Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
- 8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
- Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
- Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување
- Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
- Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
- Багаж над 10 КГ – информации во агенција
- Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место (задолжителен излет)
Важно
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !
Факултативни излети
Посета на Падова ,Тревизо и Венција и Локален Водич во Венеција со слушалки
Цена за пакет: 50
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување
