10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ ВО ХОТЕЛ МОЈСЕС ВО ЛЕПТОКАРИЈА               БУДВА И КСАМИЛ СО СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ВО АВГУСТ. ПОБРЗАЈТЕ ДОДЕКА ИМА СЕУШТЕ СЛОБОДНИ МЕСТА!                               Чартер понуди за Анталија, Хургада, Тунис, Шпанија, Италија и Кипар. Најповолни понуди со гооолеми попусти!                          Стани и ти член на Club Orbita. Дознај повеќе

Венеција - 23ти Октомври

1 Лице 4 ноќи 5 Дена
од 449€

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

 

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

ПРОМО ЦЕНА: 449 ЕВРА 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 ЕВРА

Што е вклучено во цената

  • 4 ноќевања во хотел со појадок
  • Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
  • 8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
  • Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Багаж над 10 КГ – информации во агенција
  • Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место  (задолжителен излет)

Важно

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.
  • Доплата за еднокреветна соба 120 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години  (намалување 50 евра од промотивната цена за возрсни)

Факултативни излети

Посета на Падова ,Тревизо и Венција и Локален Водич во Венеција со слушалки

Цена за пакет: 50

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега

Прв ден 21.10.2026 среда
Собир на Скопскиот аеродром во 11 00ч. Полетуваме за Венеција во 13 00ч. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Сместување во хотел и попладневните часови ги користиме за прошетка низ централното подрачје на Мештре, и секако индивидуални активности, време за уживање и секако препорачуваме Аперитиво во некој од типичните италијански барови. Ноќевање.
По појадокот, се упатуваме кон безвременскиот град на вода, кралицата на Јадранот, незаборавната и единствена Венеција. Веднаш по пристигнувањето, локалниот водич ќе не спроведе низ најубавите делови на градот, тесните улици, многуте мостови, тунели, ќе ни ги раскаже наинтригантните приказни, ќе не запознае со историјата, раскошниот Риалто на каналот Гранде, Катедралата Сан Марко со својата импозантна камбанарија, Дуждевата палата и секако мостот на Воздишките. По разгледот, слободно време за индивидуални активности, препорачуваме возење со гондола, кафе на каналот Гранде, мал шопинг низ тесните улици. Во договорено време, враќање кон хотел. Ноќевање.
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови, се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон Падова. Еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Градот кој е издигнат уште во Римскиот период, ден денеска плени со својот раскош. Почнувајки од римските градини, до познатата Пјаца Сињорија, Астролошкиот часовник кој ден денеска ги покажува движењето на ѕвездите, сонцето и месечината, Универзитетот кој повеќе од 1000 години е дел од образованието на Италија, најголемиот отворен плоштад на светот Prato della Valle каде токму во сабота се одржува најголемиот отворен пазар во Италија. Во договорено време се упатуваме кон хотелот. Можност за посета на Венеција во вечерните часови. Ноќевање
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот. Летот за Скопје е во 19:20. Пристигнување во Скопје.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 18:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.