10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ ВО ХОТЕЛ МОЈСЕС ВО ЛЕПТОКАРИЈА               БУДВА И КСАМИЛ СО СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ВО АВГУСТ. ПОБРЗАЈТЕ ДОДЕКА ИМА СЕУШТЕ СЛОБОДНИ МЕСТА!                               Чартер понуди за Анталија, Хургада, Тунис, Шпанија, Италија и Кипар. Најповолни понуди со гооолеми попусти!                          Стани и ти член на Club Orbita. Дознај повеќе

Будимпешта - 23ти Октомври

1 Лице 3 ноќи 4 Дена
од 359€

Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое.

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет.

  

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

ПРОМО ЦЕНА: 359 ЕВРА 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 ЕВРА

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
  • Директен лет на релација Скопје–Будимпешта -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Будимпешта – хотел – аеродром Будимпешта
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Што не е вклучено во цената

  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на лице место)
  • факултативни излети ЗАДОЛЖИТЕЛНА  50 евра-разглед на Будимпешта и Виена со локален водич( плаќање на лице место)
  • Факултативен излет Крстарење по Дунав 25е (пријава во агенција,плаќање на лице место)
  • Доплата за еднокреветна соба 150е

Важно

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !
 
 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега

Прв ден 23.10.2026 ПЕТОК
Состанок со групата на аеродромот во Скопјe во 09:45 часот. Планирано полетување кон Будимпешта е во 11:55 часот. Предвидено пристигнување во Будимпешта е во 14:00ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување и време за одмор. Вечерта органзирана прошетка од пратителот на групата. Можност за пријатна вечера или уживање во некој пијалок.
Појадок. Во однапред договорено време се уплатуваме на разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Меморијалот на “Садот со чевли” – Овој меморијал се наоѓа на брегот на Дунав и е важен историски споменик посветен на жртвите на Холокаустот. Интересен и силен спомен, кој носи многу емоции. Во договорено време организиран факултативен излет каде што следува вечерно крстарење со брод по Дунав (факултативно). Останатите патници кои нема да дојдат на крстарењето имаат време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот целодневна факултативна посета на Виена со јавен транспорт. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе,Плоштадот Рингштрасе во Виена е еден од најпознатите и најимпресивни булевари во Австрија, кој е препознатлив по својата величествена архитектура и културно-историски значај. Тој е важен дел од историјата на Виена и го опкружува историскиот центар на градот. Операта,Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата,Белведере, Катедралата Св. Стефан (или Стефанкирхе, како што ја нарекуваат на германски) е една од најпознатите и најзначајни цркви во Виена, и е симбол на градот. Се наоѓа во центарот на Виена, на познатиот плоштад Штефансплатц, и е едно од најпознатите архитектонски обележја на Австрија., Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки,во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Може да уживате во преубаво кафе или во некој домашен специјалитет. По договор со претставникот, поаѓање со трансфер кон аеродоромот во Будимпешта. Време на полетување од Будимпешта е во 14:20 часот.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 18:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.