10% ПОПУСТ ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ ВО ХОТЕЛ МОЈСЕС ВО ЛЕПТОКАРИЈА               БУДВА И КСАМИЛ СО СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ВО АВГУСТ. ПОБРЗАЈТЕ ДОДЕКА ИМА СЕУШТЕ СЛОБОДНИ МЕСТА!                               Чартер понуди за Анталија, Хургада, Тунис, Шпанија, Италија и Кипар. Најповолни понуди со гооолеми попусти!                          Стани и ти член на Club Orbita. Дознај повеќе

Прага - 23ти Октомври

1 Лице 3 ноќи 4 Дена
од 359€

Прага е главен град и најголем град на Чешката Република сместен во средината на Бохемија на реката Влтава. На градот му беа потребни единаесет века за да го добие изгледот што го знаеме денес. Денес зафаќа површина од 496 квадратни километри и има околу 1 386 000 жители.Чешката престолнина Прага е добитна комбинација на боемската историја, уметничкиот шарм и некои од најдобите пива во светот. Град зрел за урбана авантура, преку мостовите на реката Влтава, најголемиот замок во светот, до меандерот низ калдрмните улици и средновековните плоштади.

 

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 359 ЕВРA

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 409 ЕВРА

Што е вклучено во цената

 
  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионски билет  Скопје-Прага-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба  ( се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)
    Факултативен излет ЗАДОЛЖИТЕЛЕН  Посета на Карлови Вари и разглед на Прага со локален водич 50евра по лице (се плаќа на лице место)

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
  • Доплата за дете до 11.99 години (намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни)
 
 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега

Прв ден 23.10.2026 Петок
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот.Летот е во 10:40 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот,слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри. Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага. Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 21:20 часот.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 18:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.