Споен викенд и посета на Истанбул? Звучи како одлична идеја!
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек, но Истанбул е навистина нешто посебно.
Познат уште како Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул , претставува најголема метропола во светот која спојува два континента,два света ,метропола која во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста.
Тоа е град кој ретко како кој друг град претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули.
Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото и денес.
Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
ПРОМО ЦЕНА: 119 ЕВРА (7.378,00 ДЕНАРИ)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 ЕВРА (9.238,00 ДЕНАРИ)
НАПОМЕНИ:
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!