+389 75 845 711 +389 79 407 123 | orbita_info@yahoo.com | reservations.orbita@gmail.com | пон-пет: 09:00-17:00 саб: 09:00-14:00

Вработуваме   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Рим во Септември (27.09.2025 – 30.09.2025)

1 Лице 3 Ноќи 4 Дена
цени од 550€

Рим – Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање. Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно. Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела, и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација, тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…

Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов.

Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 640 евра

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 550 евра

Што е вклучено во цената

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје со вклучени аеродромски такси.
  • 3 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Билети за јавен превоз
  • Локален водич

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг ·   -информација за цена 3 дена пред поаѓање
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
  • Влезница за Ватикан – задолжително пријавување и уплата во агенција
  • Влезници за музеите

Важно

  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 23 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

27 Септември (сабота) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:30 часот. Лет за Рим во 11:35ч. Пристигнување во Рим во 13:20 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Прошетка Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим..Во поплдневните часови слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Посета на Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил прошетката продолжува покрај Колосеумот.Факултативно – Антички Рим – со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа). Слободно време за инфивидуални активности во градот Рим. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Систинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје во 13:55. Пристигнување во Скопје во 16:55 часот.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.