facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Италија - 24ти Мај

1 Лице 2 ноќи 5 Дена
од 129€

Патувајте и овој 24 -ти Мај заедно со нас во волшебната Италија.

Италија важи за една од најубавите земји во Европа.
Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери се само дел од епитетите со кои можеме да ја опишеме Италија.

Искористете го овој продолжен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја,со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.

ЧЕТВРТОК (23.05.2024) - ПРВ ДЕН

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот.
Поаѓање за Италија во 17.00 часот.
Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
Ноќно возење.

ПЕТОК (24.05.2024) - ВТОР ДЕН

Пристигнување во утринските часови во Трст.
Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон.

Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар Noventa di Piave Designer Outlet (околу 2 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати дизајнерски брендови.

Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.
Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло.
Ноќевање.

САБОТА (25.05.2024) - ТРЕТ ДЕН

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано.
Во Милано ги посетуваме едни од најпознатите атракции како што се :замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano.

По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот.

Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло.
Ноќевање.

НЕДЕЛА (26.05.2024) - ЧЕТВРТИ ДЕН

По појадок во хотелот,во договорено време одјавување од хотел и поаѓање кон Пунта Сабиони – пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода – Венеција.

Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто се само дел од атракциите кои првично ќе се разгледаат со локален водич.

Слободно време за индивидуална прошетка.
Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони.

Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.

ПОНЕДЕЛНИК (27.05.2024) - ПЕТТИ ДЕН

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

ЦЕНА129 евра / 7.998,00 ден

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз од Скопје
  • Посета на Трст и Noventa di Piave Designer Outlet
  • Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса за влез во Венеција – 5 евра по лице (се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е
  • Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е
  • Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Важно

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Доплата за еднокреветна соба – 40 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години – 109 евра
  • Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице (во правец)
  • Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице (во правец)

Факултативни излети

Посета на Милано

Цена за пакет: 55€

Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија.
Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата.

Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија.
Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера.

Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Посета на Венеција ( Задолжителна факултатива )

Цена за пакет: 25€

Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода.
Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море.

Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта.
Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со нивната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.