facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Рафтинг на Тара – 24ти Мај

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
од 220€

На само 300 метри од главниот пат Подгорица-Сараево, се наоѓа оваа туристичка оаза која претставува вистински скапоцен камен на црногорската дива убавина.

Рафтингот на реката Тара со кањонирање на реката Пива се невероватно доживување.

Kуќичките и бунгалови се изградени од целосно природни материјали, главно дрво, и ви овозможуваат целосно да и се предадете на природата и целосно да уживате во неа.
Има двокреветни, трокреветни и шесткреветни соби, а терасите кои се издигнати над реката Пива нудат можност за незаборавна релаксација 

Програма:

1 ден - 23.05.2024 Битола-Скопје-Куманово-Приштина-Мртање (Црна Гора)

Состанок со групата во 17:30 часот во Битола, (паркинг на Спортска сала).
Поаѓање кон Скопје во 17:45 часот.
Пристигнување во Скопје 20:30 часот (Окта Пуцко Петрол, до хотел Континетал).
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности.

2 ден - 24.05.2024 Ден за планинарење
Пристигнување во раните утрински часови во Мртање (појдовна точка за искачување).
По пристигнувањето, мал одмор и припрема и подесување на опремата во зависност од временските услови. Поаѓање од Мртање кон врвот Велики Маглиќ – 07:00 часот. Највисока точка – 2386 мнв Велики Маглиќ
Слегување од Вилики Маглиќ кон Трновачко Езеро и пристигнување во Превој.
Предвидено траење на планинарска акција – 12:00 часот.
Тежина на патека Класа 2
Пешачење, лесна (патека достапна за одредена група луѓе со добра здравствена состојба и со основно планинарско знаење).
Опрема
Високи чизми, ракавици, кабаница, очила за сонце, стапчиња за планинарење.
Храна и вода
Јаткасти плодови, 2 оброци, храна богата со јаглехидрати, суво овошје, вода 2л.
Пристигнување во Превор (завршување на планинарска акција) – 19;00 ч .
Патување кон Модра река (Рафтинг камп) со автобус 1 час.
Пристугнување во Модра Река (Рафтинг Камп) околу 20:00 чaсот
Сместување во рафтинг камп “Modra Rijeka” monteriver.com во избраниот тип на соби.
Вечера. Ноќевање.

3 ден - 25.05.2024 Ден за Рафтинг на Тара
Појадок. По појадок, припрема за рафтинг на Тара во 10:00 ч.
(облекување на одела, добивање на инструкции од стручните водичи…).
Во 11:00 ч.– Поаѓање со теренски возила до Брштановице
(почетната точка за рафтингот), возење околу 40 мин.
Уживање во прекрасните пејсажи.
Во 12:00 ч. пристигнување во Брштановице и почеток на рафтингот.
Во наредните неколку часа време за рафтинг, а во договор со стручните водичи се договараат активностите (капење, посета на водопадот, фотографирање, уживање во недопрената природа, како и 18 км феноменални брзаци на реката Тара.
Во 15:00 ч. поаѓање кон Рафтинг Камп “Модра Ријека” ручек на брегот на реката Пиве.
Време за одмор или индивидуални активности.
Во договорено време организирана вечера со музика. Ноќевање

4 ден - 26.05.2024 Македонија
Појадок. Одјавување од собите. Во договорено време поаѓање кон Македонија.
Денско и ноќно возење со попатни паузи, гранични и царински формалности.
Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена ло лице :
220 € сместување во 1/6 соба
230 € сместување во 1/3 соба
240 € сместување во 1/2 соба


Во цената Е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања во Рафтинг Камп “Modra Rijeka”
  • На 24.05.2024 вечера
  • На 25.05.2024 појадок, рафтинг на Тара со вклучен трансфер, професионална опрема, ручек, вечера со музика.
  • Патничко осигурување
  • Лиценциран меѓународен планинарски водич
  • Локален планинарски водич
  • Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Личен трошок на патникот
  • Неспомнати услуги

Поаѓања од:

  • Битола 17:45 ч (паркинг Спортска сала)
  • Прилеп 18:20 ч (бензиска пумпа Лукоил);
  • Скопје 20:15 ч (бензиска пумпа Пуцко Петрол , КФЦ - кај хотел Континентал)

Услови

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување покрај патната исправа, може да се патува и со лична карта.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.