Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
ПРОМО ЦЕНА: 379 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 ЕВРА
Што е вклучено во цената
- Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;
- Аеродромски такси
- Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
- Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
- Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
- Професионална организација на аранжманот;
Што не е вклучено во цената
- Доплата за куфер од 20 kg (цена 2-3 дена пред тргнување);
- Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа на рецепција);
- Полудневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 55 €;
- Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
- Факултативен излет – Popeye Village & Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 35 €;- ( задолжителна факултатива ) – не е вклучена влезница во Popeye Village (од 15 – 20€, се плaќа на лице место)
- Во цената на факултативните излети не се вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
- Индивидуални трошоци;
- Патничко – здравствено осигурување;
ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !! За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
Важно
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
- Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
- Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 40евра помалку од промо цена.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување