Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.
Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.
Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;
Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед
Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.
Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.
Дозволете си лето кое ќе го паметите!
План и програма
ПРВ ДЕН
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување.
ВАЖНО:
ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )
ВТОР ДЕН - ПЕТТИ ДЕН
Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности , како и за еднодневна посета на Неапол.
Денот предвиден за посета на Неапол , се одредува дополнително на лице место.
Воедно препорачуваме и посета на некои од факултативните излети како што се : Капри,Амалфи,Поситано.
За овие факултативи се одлучувате на лице место. Пријавување и резервација не се прави во канцеларија.
ШЕСТИ ДЕН
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.
Валидна резервација
За валидна резервација се смета исклучиво резервација со уплата од минимум 30% од вкупната сума.
Соба, студио или апартман може да се чува без уплата најмногу 24 часа.
По истекот на овој рок, доколку не е извршена уплата:
- Резервацијата автоматски се смета за откажана.
- Издадената фактура престанува да важи.
